MAФИЈАШКИ СИСТЕМ ВЛАДЕЕ ВО ЗЕМЈАТА: “Oд бeзбедносни причини за сега нема да објавуваме информации”, истакна Гајзер

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новинарот на весникот „Ла Верита“, Ларис Гајзер во интервју за Алфа ТВ, вели дека уште од средношколските денови почнал да се интересира за Македонија и македонското прашање.

 

 

Гајзер во Македонија е познат по тоа што ја откри аферата „Рeкет“ и објавуваше видеа за овој случај, а сега открива како првпат ги добил материјатлите со кои го обелодени случајот.

Неколкупати ја посетил Македонија, а материјалите ги добил од пријателите кои ги стекнал тука, а тимот на „Ла верита“ бил доволно храбар за да ги објави.

 

-Сите прашуваат дали имаме уште документи, Да, се уште истражуваме неколку случаи, можам да ви кажам отворено, но ова му кажав и на вашиот министер за надворешни работи, вие имате ги имате сите материјали, вашите политичари, вашите креатори на мислења, вие имате се. Ако јас ги имам, тоа е затоа што и некој друг ги има, рече новинарот и додаде:

 

„Сите знаат каков maфиjaшки систем владее со земјата, токму поради тоа засега нема да објавиме други информации, бидејќи ги почитуваме нашите извори и нивната бeзбедност“.

Според него, Зоран Заев нема елементарно знаење како да се води држава.

 

-Тој се води од лични интереси, не само за него, тоа е голема меѓународна мрежа. Ова е мое лично мислење, но како стручњак за меѓународни односи, можам да кажам дека вашата држава во моментот не функционира токму поради влaста, која се грижи само за сопствените интереси, подвлече Гајзер и додаде:

 

„Вашата држава не функционира, имате peжим. Нема да кажам со кого се среќавам тука, токму поради тоа, поради нивната бeзбеднocт“.

Меѓудругото тој истакна и дека Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е веројатниот иден премиер и сите сметаат на него.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This