ЈАНЕВА СО ЗАКАНИ ДО СТЕФАНОВА: И забранувала во медиумите да ги коментира снимките од Ла Верита

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во сведочењето пред судот, обвинителката Лиле Стефанова рече дека откако Јанева поднела оставка, само еднаш разговарала со неа. Ја побарала телефонски и се заканувала да не коментира во медиумите, и да не зборува за снимките од италијанскиот весник Ла Верита. Според Стефанова, разговорот на Јанева завршил со зборовите:

Ај да ставиме пепел врз се”.

 

 

Во своето сведочење, Стефанова рече дека Бојан Јовановски го видела еднаш во зградата на СЈО. Но, како што рече таа, од кажувања на други вработени во СЈО, Јовановски доаѓал често, дури паркирал во службените гаражи а ниту бил претресуван при влез во зградата.

На еден од состаноците во СЈО, Стефанова рече дека Јанева по првичниот интерес за истрагите кои ги водат обвинителите, станала нервозна и силно раздразнета и се обратила со барање да му се врати пасошот на Орце Камчев. Дополнително, на силен глас Јанева побарала од Стефанова и Бурим Рустеми да направат пресметки за предметите “Империја” и “Поштенска банка”, да се надомести штетата и никој да не оди во затвор.

Извор Сител Телевизија

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This