ЈАПОНИЈА СЕКОГАШ ЌЕ БИДЕ ПРЕД СВЕТОТ: Гигантот Тојота има план за изградба на прототип на град на подножјето кај планината Фуџи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Тојота“ истражува и тестира роботика, материјална наука, автоматско возење и алтернативна технологија за гориво во лабораториите низ целиот свет. Сега производителот на автомобили има нов и далеку поамбициозен проект: изградба на прототип на град што ќе се протега на 70 хектари во подножјето на планината Фуџи во Јапонија, каде што ќе живеат луѓе кои ќе работат на проектите на „Тојота“, вклучувајќи ги и нејзините автономни „е-Палете“ летала и роботи.

– Ова нема да биде друга локација за тестирање – вели претседателот Акио Тојода. Изградбата на првата фаза од градот, кој ќе биде дизајниран од познатиот дански архитект Бјарк Ингелс, ќе почне во 2021 година. Неговата фирма има дизајнирано проекти од висок профил како што е Светскиот трговски центар 2 во Њујорк, Лего-куќата во Данска и други.

– Ова е мое лично поле на соништата. Ако го изградат, луѓето ќе дојдат. Замислете целосно контролирана локација што на истражувачите, инженерите и научниците ќе им овозможи слободно тестирање на технологијата, како што се автономија, подвижноста како услуга, роботиката и паметната технологија поврзана со домовите, вештачката интелигенција и слично – вели Тојота.

Градот ќе биде наречен Вовен и ќе биде целосно поврзан екосистем напојуван од вoдoрoдни гopивни ќeлии. Домовите ќе бидат опремени со технологии за поддршка на човекот, како што е роботика во домашни услови за да помогнат во секојдневниот живот. Вештачката интелигенција базирана на сензори ќе биде насекаде за да го проверува здравјето на жителите и да се грижи за основните потреби.

На патиштата ќе има само целосно автономни возила што ќе иcпyштаaт нyлтa eмиcии. Автономниот „Тојота е-Палетес“ ќе се користи за транспорт и испорака, како и за подвижна малопродажба.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This