10 милиони луѓе веќе ја примија вакцината за kовид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

До 1 јануари 2021 година, вкупно 9,95 милиони луѓе во светот ја примија првата доза на вакцина против коронавирус, најмногу во Кина, но со оглед на бројот на примени дози во однос на бројот на жители, Израел може да се пофали најмногу.

Имено, според податоците од 2018 година, Израел има повеќе од осум милиони жители, а досега еден милион луѓе ја примиле првата доза, што значи дека има голема шанса да вакцинира 70 проценти од населението многу брзо, што според експертите е потребно за колективен имунитет.

Кинеското население доби вкупно 4,5 милиони дози до 31 декември, по што следуваа САД со 2,79 милиони дози до 30 декември.

Следат Велика Британија и Израел со по еден милион дози. Меѓу првите десет земји спаѓаат Германија (165.575 дози заклучно со 31 декември), Канада (108.253), Бахреин (59.351), Русија (52.000 до 22 декември), Полска (47.600 до 31 декември) и Италија (45.677).

Заклучно со 31 декември, 32.013 дози биле користени во Аргентина, 29.483 во Данска и 1.767 во Финска.

До 30 декември 24.998 лица примиле единечна доза вакцина во Мексико, 7.864 во Хрватска, 6.000 во Австрија, 1.763 во Грција. Во Португалија добиле 16.701 доза до 29 декември, Кувајт 2.500 до 28 декември и Чиле до 27 Декември 8.648 дози. Исто така, Романија даде 11.656 дози.

Како што претходно изјавија производителите на вакцини, потребно е да се примат две дози од вакцината, во период од две недели, за да може вакцинацијата, во однос на долговечноста на имунитетот, да биде успешна.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This