3аев извозeн до Бpиceл и назад: Caмо на слугите на peжимот не им е јасно дека Грција и Бугарија се договориле

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сега на Европската Унија треба да ѝ кажеме дека ние ги прекинуваме преговорите и дека тие треба да си ги средат проблемите со земјите членки, по што ние повторно би се вратиле во процесот на преговори за членство, вели историчарот Јован Донев, поранешен македонски амбасадор во Лондон, во интервјуто за МКД.мк.

Само на приврзаниците на режимот на Заев не им е јасно дека Грција и Бугарија се договориле
Сега на Европската Унија треба да ѝ кажеме дека ние ги прекинуваме преговорите и дека тие треба да си ги средат проблемите со земјите членки, по што ние повторно би се вратиле во процесот на преговори за членство, вели историчарот Јован Донев, поранешен македонски амбасадор во Лондон, во интервјуто за МКД.мк.

Вашата теза за Преспанскиот договор и Договорот за пријателство со Бугарија е дека всушност тие се надополнуваат еден со друг, а заедничката линија е бришење на македонскиот идентитет. Власта поинаку нѐ убедува, дека никој не го негира постоењето на македонскиот народ и македонскиот јазик?

– Изјавите на премиерот Заев и неговите министри воопшто не треба да се земаат сериозно. Ескалацијата на спорот со Бугарија најдобро го покажува тоа. Во моментов ниту премиерот на Бугарија, ниту министрите за надворешни работи и за одбрана, воопшто не се воздржуваат јавно да изјават дека не постои ниту македонски народ ниту јазик. Од друга страна, ваквите бугарски изјави не наоѓаат на реакции од страна на официјалните лица во главните европски градови. Фразите од типот спорот треба да се реши и слично, јасно покажуваат дека во моментов никој не смета за потребно да ѝ се спротивстави на Бугарија, а можно е и некои од главните европски играчи да ја поддржуваат. Толку од Заевиот зацементиран јазик и идентитет.

Во однос на првиот дел од вашето прашање би укажал само на еден момент. Преспанскиот договор меѓу останатото го нападна изворот на македонизмот. Митската поврзаност помеѓу античката македонска држава и Македонците од втората половина на деветнаесеттиот век. Поврзаност што во суштина придонесе за развојот на македонското народносно чувство, од кое подоцна се разви македонската нација. Бугарија, во овој момент, го напаѓа токму тој деветнаесетвековен македонизам, а со цел да ја докаже тезата дека Македонците се етнички Бугари. Тоа не само што јасно покажува дека двата договори се поврзани, туку и дека едниот без другиот не може да опстои.

Сакате да кажете дека Преспанскиот договор всушност е еден вид декрет со кој се забранува и размислување на каква и да е врска на Македонецот со античкото време и со Византија?

– Па да, ако го погледнете текстот на договорот, ќе видите дека Република Македонија се обврзала да не поддржува ниту еден проект што укажува на поврзаноста на современите Македонци со антиката. Па ако не се лажам, таму се прави и разлика помеѓу Македонците во Вардарска и тие во Егејска Македонија.

Што мислите, зошто на тој прекин инсистирала Грција, а ние така лесно ставивме потпис на едно толку сериозно прашање?

– Грчката позиција е јасна уште од 1945 година. Таа никогаш не признавала постоење на македонски народ и македонска држава. Разликата е само во тоа што за разлика од останатите министри за надворешни работи, министерот Коѕијас најтешката работа им ја препушти на Бугарите. Без оваа поврзаност, грчкиот парламент немаше да даде согласност на договорот од Преспа.

Сега истото го бара и Бугарија со ставањето некаква временска граница од 1945 па наваму. А до 1945?

– Од 1945 година и Бугарија и Грција признаваат постоење на македонска нација, се разбира, со соодветни нијанси. За Бугарија македонската нација е факт врз основа на правото на самоопределување, а за Грција постои некаква нова северномакедонска нација, но таа, за волја на вистината, се воздржува ова јавно да го кажува. Дополнително, Грција признава и постоење на македонски јазик. Но и двете држави воопшто не признаваат постоење на македонскиот народ. За двете држави, на просторите на географска Македонија постои само бугарски словенски народ.

Би се согласиле ли со оцената дека со ова пресечен ни е коренот? Кој денеска може да го докаже спротивното од она дека нашето потекло, како и потеклото на другите народи на Балканот, е длабоко поврзано со она што се случувало тука и во античкото време и за време на Источното Римско царство и за време на Византија и за време на христијанизирањето…

– Теориите за етнички чисти нации на Балканот се расистички. Сите познавачи на Балканот се согласуваат дека се работи за „етничко тесто“, од кое по 2.000 години заедничка историја, почнува да се откинуваат парчиња, за преку механизмите на државите да се моделираат народите, а подоцна и нациите. Притоа се применува етноцентристичкиот пристап. Од заедничката историја се присвојуваат деловите што се во функција на реализација на овој проект. Дополнително, а во контекст на големодржавните сонови на сите балкански држави, се краде и од уникатната македонска историја, а со цел да се легитимизира евентуалното зграпчување на што е можно поголем дел од македонската територија. Резултат на ваквата големодржавна политика на балканските држави беа Балканските војни. Тие требаше да го затворат „македонското прашање“, но не успеаја. Независноста на Република Македонија, по 1990 година, за Бугарија и Грција значеше појава на закана дека ќе треба да вратат дел од украдената уникатна македонска историја. Нивен одговор на оваа закана е ова што во последниве три години ни се случува.

Излегува дека Грција и Бугарија се договориле – вие антиката, ние македонското, и да ги решиме конечно…?

– Тоа само на „слепите“ не им е јасно. Се разбира, и на тие што имаат интерес да му служат на режимот на Заев.

Во една ваква ситуација, што според вас би требало да направи една сериозна дипломатија, како да реагира на овие апсурди и небулози?

– Би било наивно да се верува дека македонската дипломатија, по серијата намерни грешки, ќе биде во состојба нешто да направи. Од тука тоа што треба да се направи во моментов е целосна радикализација на политичката сцена од страна на опозицијата, а со цел да се блокира каква и да е можност оваа влада да продолжи со својата погубна политика. На Македонија во моментов најмалку ѝ одговара брзање. Тоа што ни е потребно е влада не на национален спас, туку влада на национален договор, бидејќи ние имаме сериозни предизвици не само со соседите, туку и со албанското малцинство.


Извор: МКД.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This