April 27, 2024, 11:32 pm

33-годишната родилkа починaлa од автоимуно воспаление на крвните садови на тенкото црево

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Наодот на починатата 33-годишна родилка оди во прилог на автоимуно воспаление на крвните садови на тенкото црево, информифраа од Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје.

Клиника вчера попладне го добила хистопатолошкиот наод за пациентката И.К. од Скопје, родена во 1987 година.

Пациентката почина на КАРИЛ на 9 мај 2021, а како што соопштија од Клиниката, била примена на ЈЗУ У ГАК на 21 април 2021 година со голем тумор на матката и оперирана на 22 април со уреден оперативен тек.

„Наодот оди во прилог на автоимуно воспаление на крвните садови на тенкото црево и на вроден сегментен недостиг на мускулниот слој на тенкото црево, што всушност е и причината која довела до постоперативна спонтана перфорација, што беше причина за вториот оперативен третман на пациентката во присуство на дигестивен хирург. Оваа дијагноза е исклучително ретка и во голем број од случаите причината за нејзино појавување е непозната, но најчесто е асоцирана кај пациенти кои имаат голем солиден тумор, лимфом, леукемија или некоја воспалителна болест. Системската форма на оваа болест, појаснуваат, според достапната литература, е асоцирана со многу тешка клиничка слика чија дијагноза е невозможно да се постави предоперативно“, наведува ГАК во соопштението.

Понатаму се додава дека пациентката има историја за претходни оперативни зафати, извадена слезинка пред пет години и пунктирани лимфни јазли пред три години кои веројатно се во склоп на системската болест што ја имала пациентката.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This