3aeв го гyби мнозинството, Владата ќе пaднe во Собрание?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Време е за реализирање на вроторо сценарио, Владата предводена од Зоран Заев, да падне во Собрание со обезбедување на соодветниот број на пратеници кои ќе им изгласаат недоверба, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во своето гостување на Радио Лидер.

Тој посочи дека тие, како ВМРО-ДПМНЕ интензивно работат на реализирање на ова сценарио, бидејќи се во постојана комуникација со политички партии кои се дел од владината коалиција, чии пратеници не се дел од СДСМ и ДУИ.

Оваа Влада, истакна Николоски, мора да падне ден поскоро, час поскоро.

„Од СДСМ се фатени за власта како пијан за плот и не ја пуштаат, и затоа мислам дека ќе треба да се случи второто сценарио. А, тоа е власта да се руши во Собрание, односно да се обезбеди соодветното потребно мнозинство, со цел Владата да падне. Ние интензивно работиме на тоа, јас сум зборувал и во претходни наврати дека имаме комуникација со политички партии кои што се дел од владината коалиција во моментов, а нивните пратеници не се дел од СДСМ и од ДУИ. И очекувам тие промени да се случат, со цел да одиме на предвремени парламентарни избори и да одиме на едни чисти локални избори“, рече Николоски.
Тој вели дека ова сценарио треба да се оствари затоа што Зоран Заев не покажа никаква рефлекција и зрак на самосвест, со тоа што го одби предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, но и на другите опозициони партии, да се формира Влада на национален спас. Влада која требаше до ги вклучи најголемите експерти кои ќе требаше да се справат со економската и здравствената криза која ја предизвика корона вирусот, но и нарушените односи со Бугарија кои ја спречуваат интеграцијата во ЕУ на Македонија.

„Јас очекував дека Заев ќе рефлектира и ќе покаже некаков зрак на самосвесност и дека ќе го прифати нашиот предлог за влада за национално едниство и национален спас, затоа што Македонија се соочува со здравствена и економска криза предизвикана од пандемијата на корона вирусот, и криза во односите со Бугарија која што ја спречува европската интеграција на Македонија. И една таква мултиплицирана криза ја решава само една широка политичка поддршка и најголемите умови во државата, растеретени од политички натпревар. И нашиот предлог беше да влезе еден таков експертски тим кој што, по мое мислење, кој што можеше некаде до април – мај да ја надмине здравствената криза и да почне да заздравува економијата, да постави достоинствени македонски национални позиции во однос на Бугарија, и да одиме на предвремени парламентарни избори на кои би се избрала политичка влада“, истакна Николоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This