6 МИЛИОНИ ЗAPAЗЕНИ ВО ИТАЛИЈА?: Првите тестови на антитела откриваат cтpaoтна бројка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Серолошките тестови врз основа на кои може да се открие кога некој бил во контакт со коронавирусот и кога развил имунитет се клучни за влегување во некарантинска фаза, објави „Vecernji.hr“. Првите такви тестови се направени во Тоскана врз 80.000 луѓе, претежно лекари, медицински персонал, старатели во домовите и силите за спроведување на законот, а од понеделник во истиот тој регион ќе бидат направени уште 400.000 серолошки тестови. Во Венето, за почеток ќе бидат направени 70.000 тестови, а во Лацио – 300.000 тестирања.

Интересни податоци произлегуваат од направените 8.000 тестови во Ломбардија и 2.000 тестови во Лигурија. Првиот податок е дека над 10 отсто од луѓето кои биле тестирани се позитивни на коронавирусот, соопштил директорот на Инфективниот оддел во болницата Сан Мартино во Џенова, Матео Басети. Тоа значи дека има голем број Италијанци, можеби 10 проценти, а тоа е околу шест милиони луѓе, се заразени со ковид-19, но не покажуваат никакви симптоми. Овој податок го потврдува и Универзитетот во Лондон, кој соопштил дека во Италија веројатно веќе има шест милиони заразени.

Вториот податок е дека тие луѓе, или поголемиот дел од нив, развиле антитела на коронавирусот, односно станале имуни на заразата. Тоа е многу важен податок за евентуално брзо влегување во посткарантиска фаза. Потребно е да се спомнат и податоците за починатите, односно дали тие го загубиле животот „со“ или „од“ коронавирусот. Луѓето кои имаат некаква болест потешко преживуваат кога ќе се заразат со коронавирусот. На 26 март бил анализиран примерок од 710 луѓе од вкупно 6.801 починат пациент кои биле позитивни и на вирусот ковид-19. Анализата била спроведена врз основа на здравствените картони во кои било наведено дали починатите имале некоја болест пред да станат позитивни на коронавирусот. Податоците се однесуваат на анализите од здравствените картони на 710 луѓе кои починале во болниците откако биле хоспитализирани како позитивни на вирусот.

Па така, 15 пациенти, односно 2.1 отсто од испитаниците, немале ниту една болест пред да бидат позитивни на ковид-19. Потоа, 151 пациент или 21,3 отсто имале една болест, 184 пациенти (25,9 отсто) имале две патологии и дури 360 или 50,7 отсто имале три или повеќе болести. Обдукција не била направена. Наведено е дека точните резултати ќе бидат познати откако ќе се анализираат сите причинители, односно кога начинот на анализирање ќе биде усогласен на меѓународно ниво. Во секој случај, бројот на починатите кој секојдневно го соопштува италијанската цивилна заштита е всушност бројот на оние кои биле сместени во болниците откако се заразиле со вирусот.

Инаку, гледано според бројот на жители, Белгија е прва во светот по бројот на починати од коронавирусот. На 100.000 жители, во Белгија починале 2,48, во Франција – 2,14, во Шведска – 1,68, во Велика Британија – 1,29, во Шпанија – 1,18, во Холандија – 1,05, а дури на седмото место се наоѓа Италија во која има најмногу починати во Европа со 0,87, како и Германија со 0,38 лица на 100.000 жители.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This