МНР воведува Е-конзулати за пpoблемите на Македонците во странство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за проектот за дигитализација на конзуларните услуги во Дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство, соопштија оттаму.

Дигитализацијата на конзуларните услуги во странство (Е-конзулат), се појаснува во соопштението од владиниот Сектор за односи со јавноста, се наметнало како неопходна потреба заради модернизирање на работата на ДКП-ата, а со крајна цел овозможување брзи, ефикасни и економски исплатливи услуги на нашите граѓани во странство, што особено дојде до израз за време на кризата предизвикана од КОВИД-19.

Е-конзулат предвидува дигитализaција на конзуларните услуги кои се даваат во Дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија, почнувајќи од постапката за аплицирање, он-лајн плаќање, како и добивање на документите лично или по пошта. Со оваа платформа на македонските државјани кои живеат во странство ќе им се овозможи да дојдат до конзуларни услуги на полесен начин и за пократок временски период, стои во соопштението од Секторот за односи со јавноста на Владата.

Latest News

Nhà Cái FABET – Một Điểm Đến Uy Tín Cho Cá Cược Bóng Đá

Cá cược bóng đá ngày càng trở nên phổ biến trên toàn thế giới, và việc chọn một nhà...

More Articles Like This