На автопат недалеку од Сан Диего настана вистинско лудило, кога од блиндиран камион испаднаа вреќи со пари.
Другите возачи ги запреле возилата и трчале да соберат што повеќе банкноти. Имало и тепачки и апсења.
На видеата објавени на социјалните мрежи се гледаат пари расфрлани на двете ленти на автопатот во областа Калифорнија, како и бројни запрени возила.
Луѓето трчаат по патот, недалеку од Сан Диего, за да можат да соберат што повеќе пари.
Некои од нив одлично се забавувале, фрлајќи купишта пари преку глава.
„Ова е најлудото нешто што сум го видела“, вели инфлуенсерката Деми Багбиона во видеото кое го објави на својот Инстаграм профил.
Во меѓувреме, полицијата соопштила дека поради некоја причина се отворила вратата од блиндираното возило, поради што вреќите со готовина испаднале на патот.
Како што е соопштено, банкнотите биле меѓу еден и 20 долари, пренесува San Diego Union Tribune.
Видео може да погледнете ТУКА.
Досега се уапсени две лица, а полицијата ги повикува граѓаните да ги вратат парите што ги зеле.
Според локалните медиуми, околу десет лица веќе ги вратиле парите, а се работи за големи количини.