April 26, 2024, 11:49 pm

Aпeл oд Србија: „He дoaѓajтe нa вakцинaциja aкo пpeтхoднo нeмaтe зaкaжанo тepмин“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Директорот на Српската канцеларија за е-управа, Михаило Јовановиќ, ги повикал граѓаните на соседните земји, кои немаат закажано термин за вакцинација, да не доаѓаат во Србија, бидејќи нема да бидат вакцинирани.

Јовановиќ потсетил дека има договор меѓу стопанските комори во регионот за вакцинирање на бизнисмени, а сите што се пријавиле на тој начин и добиле термин преку порталот за е-управа, ќе бидат вакцинирани.

Исто така, на порталот за е-управа, покрај српските државјани, странските државјани со и без престој во Србија можат да го изразат својот интерес за вакцинација против КОВИД-19, по што ќе добијат термин.

„Сите други треба да знаат дека, ако немаат термин, нема да можат да се вакцинираат“, рекол Јовановиќ за Танјуг.
Денес и утре, во Белград и Нови Сад, можат да се вакцинираат странски државјани, кои имаат закажано термин.

Вакцинацијата на бизнисмени од регионот започна денес во Србија, за што Српската стопанска комора обезбеди 10.000 вакцини.

Околу 7.500 бизнисмени од економиите на регионот на Западен Балкан се пријавија за вакцинација овој викенд во Србија, што беше обезбедено преку регионалниот форум за инвестиции во соработка со Владата на Србија.

Претседателот на Комората, Марко Чадеж, посочи дека вакцинирањето на бизнисмените во регионот е важно затоа што тие се упатуваат едни на други во деловните активности и патуваат многу.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This