Bлaдaтa нecпocoбнa: Bo Врање нe ce oди caмo зa Лидл, тyкy и зa вakцинa зoштo вo дpжaвaвa нeмa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Додека сите земји се борат да обезбедат вакцини против КОВИД-19, во нашата земја властите сеуште немаат никаков план за да се реши оваа проблематика. За разлика од нас соседна Србија многу одамна почна со набавката за вакцини. Имено само денеска претседателот на Србија, Александар Вучиќ објави дека за еден месец во Србија ќе пристигнат уште милион дози на вакцини против вирусот.

– Пред почетокот на март, за само еден месец, ќе добиеме уште еден милион вакцини, добив цврсто ветување, рече Вучиќ.

Пред само неколку дена се појави случајот каде докторка од Македонија ја примила кинеската вакцина во соседна Србија.

– Сѐ беше организирано. Ме примија како доктор од Македонија и без проблем се вакцинирав. Треба да има српски документ. Јас имам српски документ зашто порано работев во Србија. И така можев да се најавам од српски телефон преку мои роднини за Институтот Торлак да ме регистрира, вели Витановска во изјавата која ја даде пред само неколку дена за телевизија Сител.

Имено до нашата редакција стасаа информации дека лицата кои во Македонија имаат македонско и српско државјанство им нудат помош на други лица-нивни блиски дека може да им помогнат да се вакцинираат во Србија доколку сакаат.

– Имам пријателка која има двојно државјанство. Истата таа ја прими вакцината деновиве и ми понуди доколку сакам јас да ја примамт вакцината против КОВИД-19 може да ми помогне за да ја примам вакцината во Србија, ни раскажа граѓанин.

Имено ова претставува срам за целата Влада бидејќи не се способни да обезбедат вакцини и граѓаните се принудени да се снаоѓаат како знаат и умеат.

Минатата недела беше актуелна темата каде голем број на Македонци заминаа на шопинг во Лидл во Врање, па сега е јасно дека македонските граѓани не само за шопинг, во Врање одат и за да ја примат вакцината против КОВИД-19.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This