Bлaдaтa ќe cyбвeнциониpa вpaботyвaњe Aлбaнци вo пpивaтниoт ceктор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи се пофали дека ќе има субвенционирање на правична застапеност во приватни компании.

Тој на Фејсбук објави дека ова поминало на Влада. Во текот на кампањата за избори, ДУИ бараше субвенции за вработување по етнички клуч.

Владата при имплементацијата на програмите и мерките за вработување, како и услугите на пазарот на трудот, ќе ги почитуваа сите основни принципи, објави првиот вицепремиер Артан Груби.
„За време на денешната седница, Владата на РСМ ја усвои одлуката за почитување на принципот на диверзитет и инклузивност за сите општествени категории во привтаниот сектор согласно принципите на правична и адекватна застапеност на етничка, полова, религиозна, расна или било која друга ранлива категорија на граѓани во согласност со стандардите и практиките на Обединетите нации и Меѓународната организација на трудот“, пишува Груби на Фејсбук.
Владата го усвои и поттикна рамноправниот регионален развој, во согласност со податоците од Бирото за регионален развој и степенот на развиеноста на планските региони во Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This