Ocмaни ги cмиpyва Бугapите: Здpyжениjaтa нa Бугapите oвдe дa побapaaт гpaфа вo попиcoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот занадворешни работи, Бујар Османи, утрово се огласи на Фејсбук во врска со реакциите на правата на бугарската заедница во Македонија.

Тој ги повика граѓанските здруженија на Бугарите веднаш да ги контактираат пописните органи и да побараат соодветна графа во пописот.

Во јавноста се појавија реакции за односот и правата на бугарската заедница во Република Македонија. Овие реакции прво беа пласирани како мислење и ставови на одредени граѓански асоцијации, а потоа посочени како проблем и од одредени официјални претставници на Република Бугарија.

Дозволете да истакнам:

Република Македонија има исклучително успешен модел на мултиетничко општество. Покрај колективните права на поголемите заедници, постојат функционални механизми за заштита и на помалите етнички заедници. Во ова смисла никој не смее да ги загрозува правата на бугарската заедница во земјава, и нивната посебност; напротив, граѓанските организации треба да бидат охрабрени да соработуваат со властите и да бидат внесени во сите механизми за остварување на своите колективните права.

Уште веднаш, претставниците на овие здруженија треба да ги контактираат пописните органи и да побараат соодветна графа во рамките на пописот, со цел утврдување на квантитативната, демографската и географска дистрибуција на оваа засебна заедница, што би придонело значајно при формирањето на идните политики и на Владата, и на соодветните единици на локалната самоуправа и воопшто на државата, пишува Османи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This