Bakцинaтa „Џонсон и Џонсон“ ce пoкaжa кaкo 6eз6eднa и ефикacнa вo иcпитyвaњaтa – ce бapa нejзинo итнo oдoбpyвaњe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вакцината против коронавирус „Џонсон и Џонсон“ се покажа како безбедна и ефикасна во испитувањата, соопшти Американската агенција за храна и лекови во документите објавени вчера, отворајќи го патот за нејзино итно одобрување во САД.

Сепак, независни експерти ќе се состанат во петок за да одлучат дали да препорачаат да се одобри вакцината. Вакцината е ефикасна во намалување на ризикот од ковид-19 и создавање на антитела на вирусот најмалку 14 дена по вакцинацијата.

Охрабрувачки е што една доза од вакцината на ‘Џонсон и Џонсон‘ е еднакво добра во спречувањето на сериозна болест како две дози на конкурентските компании.

Во испитувањата на над 44.000 учесници, федералните регулатори соопштија дека вакцината е ефикасна 72% во САД, 66% ефикасна во Латинска Америка и 57% ефикасна во Јужна Африка, каде тамошната мутацијата е широко распространета. Иствремено, таа е 85% ефикасна во спречување на тешки случаи на ковид-19. Научниците сè уште проучуваат колку долго вакцината ги штити луѓето од ковид-19.

Една од предностите на вакцината Џонсон и Џонсон е што треба да се чува само на вообичаени температури во фрижидер, за разлика од вакцините Фајзер и Модерна.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This