(Boзнeмиpyвaчкo видeo) 3aтвopeници вo Тексас пpeнecyвaaт тeлa нa пoчинaти oд Koвид-19 вo мoбилни mpтoвeчници

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вирално видео кое го илустрира срушениот здравствен систем во пограничниот град Тексас ги потресе Интернет косисниците.

Во затворски униформи, со маски, ракавици и очила, затворениците помагаат да се пренесат мртвите тела на починатоте од коронавирус во ладилниците во Ел Пасо, Тексас. Бидејќи веќе нема место во мртовечницата градот користи пет мобилни фрижидери.

Затворениците за оваа работа добиваат по два долари на час, а тоа го прават само тие што ќе се пријават.

Со 680.000 жители, Ел Пасо е значително помал од Хјустон, Сан Антонио и Далас. Според информациите од американските медиуми секој шести Тексашанец кој морал да оди во болница поради ковид е од тој град.

До средата, таму се регистрирани повеќе од 77.000 коронавирусни инфекции и повеќе од 800 смртни случаи.

Во САД во изминатите 24 часа регистрирани се повеќе од 2.200 смртни случаи од коронавирус, покажуваат податоците на Универзитетот „Џон Хопкинс“.

За едно деноноќие, пријавени се 2.239 смртни случаи и 200.146 нови случаи, што претставува нов рекорд.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This