Bo Израел имa caмo 985 akтивни cлyчaи нa Koвид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Израел драстично падна бројот на активни ковид-случаи и во моментов е под илјада односно има вкупно 985. Според податоците од тамошното Министерство за здравство во изминатото деноноќие се регистрирани само 17 лица, а по полноќ се пријавени уште два нови случаи на коронавирусот.

Израелскиот министер за здравство Јули Еделштајн на Твитер информираше дека претходно во пикот на епидемијата во Израел имало и по повеќе од 70 000 заразени.

Во изминатата недела бројот на тешко болните од ковид-19 во Израел падна под 100. Според министерот, тоа се должи на успехот на кампањата за вакцинација во државата.

Тоа е 0,2 отсто позитивни тестови од вкупно над 11 581. Досега над 5,4 милиони луѓе или речиси 60 отсто од населението во државата ја примиле првата доза од вакцината на „Фајзер/Бионтек“, додека околу 5,1 милиони се со две дози примени вакцини.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This