Cвeдoштво на помошник кoмaндaнт Кметовски: Пожapoт во Пехчево ни ги стави главите во торба

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Помошник командантот во Бригадата за противпожарна заштита, Трајче Кметовски кој цели 32 години се бори со огнените стихии, во изјава за „Слободен печат“ вели дека гасењето на пожарот во Пехчево е најстрашниот што го доживеал досега.

– Беше како сцена од страшен филм. Доживеавме огнена бура. Ветерот многу ни ја отежнуваше работата. Во животна опасност бевме сите екипи кои го гасевме пожарот, но го занемарувавме уморот, опасноста од огнената стихија. Главна цел ни беше да го спречиме пожарот да се префрли од десната страна кон Делчево. За жал не успеавме во тоа. Околу 14. часот во услови на силен ветер огнена бура се прошири, но спасивме куќи и трла. Го ограничивме пожарот. На 05. августот околу 15 часот, побаравме смена која е уште терен, раскажува Кметовски, се уште под импресии од случувањата.

Пред да побара смена на екипа, помошник командантот бил на терен од втори август од 17. 30 часот, уште со првиот пожар во Старо Нагоричане, од каде добил наредба да се упати во Кочани, по што тој и екипата таму пристигнале во 23 часот, а веќе во 1.30 по полноќ успеале да го ликвидираат пожарот. (Во меѓувреме во Старо Нагоричане останала да гаси друга екипа)

-Во Кочани имаше сериозна опасност пожарот да се спушти до селото Трокање. Таму ни помагаа екипи од Штип, Неготино, Виница, а и цивилно население, кое добиваше наши инструкции со цел да не биде ставен во опасност нивниот живот. Од Кочани, следуваше акција за гасење во Пехчево, јас и уште 8 пожарникари бевме распоредени во селата Умлена и Робово. Во 01.30 се качивме на врвот на планината каде имаше зафатено борова и дабова шума. Пробавме ноќта да исконтролираме извесен минимален дел по што се повлековме кај возилото. Ноќта ја поминавме на автопат со останатите екипи за да спречиме ширење на пожарот кон Делчево, продолжува Кметовски.

Тој е исклучително благодарен за освежителните пијалоци и храна кои ги добивале од мештаните, но лут и гневен е на оние кои се служеле со лаги за да добијат предност во гасењето на пожарите.

Пожар во Пехчево

-Секакви луѓе има, за жал. Има и такви кои шират лажни информации, не лажат дека куќите им се опасност само за да стигнеме први кај нив. а кога стигнуваме гледаме дека пожарот е на 2 километри оддалеченост. значи залудно сме им дале приоритет, за сметка на пожар кој сме го оставиле, а не требало. Тоа се случи во Пехчево, кога до нас стигна информација дека пожарот стигнал до куќите. Јас целата екипа ја насочив таму, и ја оставив шумата што гори, за на крај да видам дека не требало. Апелирам до граѓаните да останат смирени и да не испраќаат лажни вести од паника, бидејќи тоа може да напраи голема штета, предупредува Кметовски.

Од неговото 32 годишно искуство како пожарникар, тој вели дека може да потврди дека пожарите кои неколку дена пустошат низ земјава, се подметнати.

– Пожарот во Охис со сигурност можам да кажам дека е подметнат и тоа дека е запалено на повеќе места истовремено. Тоа го знам бидејќи кога се јави командирот кажа дека целата фабрика гори, а за да биде цела зграда во пламен и 5 километри земја а никој да не забележи, тоа значи дека истовремено е запалено на повеќе места. Истото го мислам и за шумските пожари. Не е можно 600 хектари шума да се прошири толку брзо или 30 км во должина во Пехчево, објаснува помошникот коммандант Кметовски

Извор: Слободен Печат

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This