Cтpaшнa paбoтa: Во Кина пpoдaвaлe coлeнa вoдa кaкo вakцинa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кинеските власти го уапсија лидерот на групата која солена и минерална вода продавала како вакцина против коронавирусот.

Човекот, кој е идентификуван како Конг, прво детално истражил како изгледа вистинското пакување на вакцината, а потоа направил повеќе од 58.000, пренесува Би-би-си.

Серија од овие лажни вакцини била прошверцувана и во странство, но не е познато каде завршила.

Конг е едно од 70 лица уапсени лица во Кина поради слични злосторства. Иако повеќето лажни вакцини се појавиле на пазарот уште минатата година, повеќето детали за тие измами се објавени дури овој месец.

Според судската пресуда, Конг и неговите соработници со продажбата на лажните вакцини заработиле 18 милиони јуани, односно околу 2,78 милиони американски долари. Во инјекциите наместо вистински дози ставале физиолошки раствор или минерална вода. Физиолошкиот раствор е стерилна мешавина на сол и вода.

Околу 600 „вакцини“ во ноември минатата година биле испратени во Хонг Конг, а потоа во странство, додека некои дури се продавале по болници по енормно високи цени. Криминалците дури спроведувале и сопствени нелегални програми за вакцинирање.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This