Ceвepна Kopeja добивa 2 милиони вakцини од „Астра зенека“ пpeку Koвакс

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Северна Кореја се очекува да прими скоро два милиони дози вакцина против Ковид-19 развиена од „Астра зенека“ и Универзитетот „Оксфорд“ до крајот на првата половина на годината, објави денес Јонхап.

Агенцијата наведува дека системот Ковакс потврдил дека ќе и дистрибуира 1,992 милион дози вакцини од „Астра зенека“ на Северна Кореја до крајот на првата половина од годинава, кои се произведени под лиценца на Индискиот институт Серум, најголемиот светски производител на вакцини, пренесува „Ројтерс“.

На официјалната веб-страница на Светската здравствена организација во табелата со статистички податоци не е наведено дека е регистриран барем еден случај на коронавирус во Северна Кореја.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This