Шokaнтнo пpeдyпpeдyвaњe: Bo cвeтoт имa oкoлy 4.000 вapиjaнти нa Koвид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во моментов постојат околу 4.000 варијанти на коронавирусот ширум светот, изјави денеска британскиот министер за вакцини Надим Захаваи за Скај Њуз.

Тој додаде дека постои „библиотека“ со мутации на коронавирусот за да се обезбеди Велика Британија да биде подготвена да одговори со ажурирани вакцини.

– Во моментов има околу 4.000 варијанти на Ковид низ целиот свет. Сите производители – Фајзер/Бионтек, Модерна, Оксфорд/АстраЗенека и други – гледаат како можат да ја подобрат вакцината за да бидат сигурни дека сме подготвени за секоја варијанта, рече Захаваи.

– Имаме најголема индустрија за секвенционирање на геном – имаме околу 50 проценти од светската индустрија за секвенционирање на геном – и чуваме библиотека со сите варијанти за да бидеме подготвени да можеме да одговориме, без разлика дали на есен или потоа, на секој предизвик кој вирусот може да го покаже, и да се произведе следната вакцина за да можеме секогаш да го заштитиме Обединетото Кралство и секако и остатокот од светот, истакна тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This