Cocтojбaтa cтaнyвa aлapмaнтнa: ГОБ „8 Ceптeмври“ и мoдyлapнaтa бoлницa нa Инфeктивнa ce oтвopaaт зa koвид пaциeнти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Болницата „8 Септември“ и модуларната болница на Инфективна клиника од денеска се отвораат за прием на нови ковид пациенти.

Растот на бројот на позитивни пациенти и потребата од голем број хоспитализации повторно ги отвора вратите на веќе затворените, за оваа намена, болници.

Министерот за здравство Венко Филипче информира дека ваквата одлука е донесена утринава на состанок со директорите на клиниките.

-Она што е неопходно е проширување на капацитетите за прием на пациенти и за таа намена од денеска се ставаат во функција 8ми Септември и модуларната болница на КИБФС. Во моментов се прави менаџирање на здравствен персонал според потребите на клиниките. Многу е битно да им помогнеме на медицинските лица при започнување на 4тиот еппидемиолошки бран, а тоа можеме да го направиме единствено со вакцинација. Вакцините може значително да го успорат процесот на проширување на вирусот, да влијаат на исходот од болеста и затоа, бидете одговорни во овој процес. Потребно е што повеќе луѓе да бидат вакцинирани за да се постигне солиден колективен имунитет, информира Филипче.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This