Eпидeмиoлoгoт Фаучи пpeдвидyвa: САД ce вpaќaaт вo нopмaлa дo eceнтa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ентони Фаучи, директорот на Националниот институт за алергии и инфективни болести во САД, предупреди дека по празниците може да се дојде до нагло зголемување на бројот на случаи на заразени со коронавирус.

– Навистина сме сред критична точка, изјави Фаучи за Си-Ен-Ен, повикувајќи се на податоци на здравствениот систем.

И покрај апелите да не се патува за Божиќ, луѓето брзаа кон аеродромите и патиштата, додава Фаучи. Инаку, рекорден број патници во рамки на еден ден во авионскиот сообраќај се регистрирани во САД во средата од почетокот на пандемијата – скоро 1,2 милиони луѓе, според податоците на властите.

Фаучи повика луѓето да се вакцинираат штом можат, иако призна дека вакцинацијата, која започна на почетокот на овој месец, се одвива бавно. Дел од сојузните држави се пожалија на логистички проблеми и ги одложија плановите за вакцинација.

Фаучи предвидува дека масовната вакцинација во САД ќе се одвива во април, а земјата ќе може да се врати во одреден степен во нормала до есента.

Водечкиот американски епидемиолог ја повтори и својата препорака американскиот претседател Доналд Трамп да прими вакцина против коронавирусот.

– Одлуката за тоа дали ќе се вакцинира зависи од него и од докторот во Белата куќа. Моја препорака – тоа го реков и претходно – јас би го вакцинирал, изјави Фаучи за Си-Ен-Ен.

– Тој сè уште е претседател на САД. Важна личност е… Значи, мојата препорака за претседателот останува иста, додаде тој.

Трамп годинава имаше коронавирус, а лекарите му препорачуваат да почека со вакцината, наведувајќи го како причина третманот со моноклонски антитела што ги примил во борбата против вирусот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This