April 27, 2024, 11:56 pm

Hинa ја почecтија: Ангеловcка и Caдула Дуpaку дa бидaт во одбopoт на диpeктори на „Teлеком“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата на 17-тата седница доставила предлог до Македонски телеком за разрешување на актуелните членови на одборот на директори и назначување нови членови.

Владата заклучи да му препорача на Собранието на акционери на Македонски телеком, Акционерско друштво за електронски комуникации – Скопје, да ги отповика од должноста членови на Одборот на директори и тоа Сашо Велевски од неизвршен член, Замир Мехмети од неизвршен независен член, Дивна Ефтимовска од неизвршен независен член, Мирослав Вујиќ од неизвршен член и Сашо Симјановски од неизвршен член на Одборот на директори, а за членови на Одборот на директори да ги избере:

– Шкодране Зенуни Дарлишта – неизвршен член

– Бардул Насуфи – неизвршен член

– Зоран Китанов – извршен член

– Нина Ангеловска – неизвршен независен член

– Садула Дураку – неизвршен независен член, и

– Аќиф Мехдиу – неизвршен член

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This