Taceвски: Шекepинска, 3aeв и Пендapoвски нe гyкнaa за тeшкитe навpeди од Кapaкачанов и бугаapcката влacт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сашо Тасевски, актер и поранешен директор на Драмски театар вечерва гостуваше во „Само вистина“ на Канал 5 каде што изјави дека Договорот Бугарија е направен во еуфорија, непромислена еуфорија во смисла ‘ме понесе песната мавнав две три жт’и и ветив се’ и сега на нив, на тие што го потпишаа им изгледа дека нема назад, но хартијата се трпи, тој договор е парче хартија. Значи се додека македонската страна, македонската власт постапува според она што го договорила со тој договор е како да се коцкаш во туѓа игра, ти секако губише куќата добива. Се додека се држиме до тој договор, ние ќе бидиме единствените жртви од тоа преговарање, рече Тасевски.

Според Тасевски, колку Бугарија да омекне, или Германија да помогне, сето она што ќе остане ќе биде на штета на Македонија, бидејќи како што рече владата на СДСМ има ставено голем влог во туѓа игра.

Без разлика колку Бугарија ќе омекне, колку Германија ќе ја убеди или нема да ја убеди сето тоа што ќе остане, затоа што нашите премногу голем влог имаат ставено во туѓа игра. Така да дури и она што ќе остане за нас од сето тоа ќе биде на наша штета. Во старт вистински начин би било после сите овие навреди кои што ги доживеавме од највисоките претставници на бугарската власт, вклучително и Каракачанов кој со најтешки навреди го оцрни нашиот јазик и рече дека е есперанто и за вистинско чудо јас не слушнав после такви навреди и после тоа дека војска ќе ни влезе, дека инжинерски единици ќе ни ги тргаат спомениците без разлика кој и зошто ги постави тие споменици, значи после такви тешки навреди ти како министер за одбрана Шекеринска, или премиер, или претседател на држава да не гукнеш и да молчиш да не кажам како што навистина не можам да ја замислам каде оди таа сервилност на нашата власт.

Тасевски посочи дека предлогот на Милошоски за свикување на комисија за надворешна политика власта мора да го прифати под итно бидејќи како што рече за оваа работа власта мора да и подаде рака на опозицијата и да се донесе меморандум или декларација од кои што нема да има отстапување, а доколку некој отстапи веднаш да одговара за велепредавство.

Тоа што вчера им го предложи Антонијо Милошошки мислам дека власта под итно мора да го прифати. За оваа работа мора да и подаде рака на опозицијата, мора да седнат и апсолутно се во право, под итно мора да се свика собранието, под итно мора да се донесе како сака нека го наречат меморандум или декларација. Дај еднаш Македонците да се соберат и да кажат ова се нашите национални интереси, ова е приказната за нашето потекло, ова е приказната за нашиот опстанок, ова е нашиот идентите, ова е нашиот јазик, ова е нашата култура и историја, од ова кој отстапи, автоматски ќе одговара за велепредавство, вели Тасевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This