Heзависни кандидати за градоначалници од повеќе општини собраа потписи за учество на локалните избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според информациите на Државната изборна комисија до вчера, 23 август, потписи за кандидирање на локалните избори собрале независни кандидати од неколку општини, а потписи се собрани и за советнички листи. Собирањето потписи во подрачните единици и канцеларии на ДИК и пред овластени нотари продолжува до 30 август на полноќ.

Потписи за независни кандидати за градоначалници се собираат во Битола, Врапчиште, Македонска Каменица, Росоман, во Кичево каде кандидатот Фатмир Лимани веќе има собрано 422 потписи и таму постапката е завршена, во Охрид каде Сенат Усеиноски исто така има собрано 380 потписи од граѓани и постапката е завршена, во Прилеп каде Жарко Стеваноски исто така собрал повеќе од доволно потписи -386.

Потписи за кандидат за градоначалник се собираат и во Свети Николе, во Струга, во Василево, во Брвеница, додека независниот кандидат за градоначалник на Општина Илинден Жика Стојановски собрал 199 потписи и таму собирањето е завршено. Во Чаир Јован Пејовски собрал 110 потписи и таму оваа постапка е завршена. Потписи се собираат и во Чучер-Сандево.

За Град Скопје за градоначалник независна кандидатура има поднесено Ана Петровска за која досега се потпишале 1 096 граѓани. Во Скопје 1 112 потписи се собрани и за советничката листа предводена од Драгана Велковска.

Потписи за советнички листи се собираат во Могила за две листи, исто така во Македонски Брод за две листи, Виница, Маврово и Ростуше, Македонска Каменица за две листи.

Собирањето потписи е завршено за листите за советници за Кавадарци предводени од Петар Камчевски и Ристо Сакалиев, за Кичево каде предводи Агим Садику, за Кочани каде ја предводи Аки Акиев, за Чешиново-Облешево, Франческо Наков.

Потписи за кандидатски листи за советници се собираат и во Зрновци, за две во Куманово и за Демир Капија. Собирањето потписи е завршено и за листите за советници во Охрид предводени од Арбен Демироски, Антонио Наумовски и Димитар Велјановски, додека се уште се собираат потписи за кандидатската листа за овој град предводена од Стевче Стевовски.

Во Прилеп завршено е собирањето потписи за кандидатската листа предводена од Дарко Конески. Се собираат потписи и за листа за советници за Долнени, за Свети Николе, за Тетово, за Гази Баба, Карпош. Завршено е собирањето на потписи за независните листи за советници за Велес предводена од Гарп Немиш. Во Општина Центар предводена од Јана Белчева Андреевска и за Чаир предводена од Мирослав Славковиќ.

Се собираат потписи за две предлог-кандидатски листи за Чучер-Сандево.

Собирањето потписи за независни кандидати за градоначалници и советнички листи започна на 16 август. Подрачните одделенија и канцеларии на ДИК работат секој ден од 8 до 20 часот. На 27, 28 и 29 август ќе работат до 21 часот, а на 30 август до 24 часот. Собирањето на потписи трае заклучно со 30 август.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This