Heмa бeгaњe..: Пpви cлyчaи нa Koвид-19 пoтвpдeни нa Антарктикот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Антарктик, последниот континент кој беше недопрен од пандемијата на коронавирусот, ги пријави првите случаи на зараза. Триесет и шест случаи на коронавирус се потврдени во рамките на чилеанска истражувачка база, вклучувајќи 26 војници.

„Благодарение на благовремена превентивна акција беше утврдено дека овој дел од персоналот е позитивен на коронавирус“, соопшти чилеанската војска.

Тројца членови на екипажот на брод кој ѝ обезбедува поддршка на базата исто така имале позитивен тест по враќањето од својата мисија на Антарктик.

Заразените лица во меѓувреме биле евакуирани во чилеанскиот град Пунта Аренас, каде што биле ставени во изолација.

Неколку држави имаат свои постојани бази на Антарктик, каде што вообичаено престојуваат околу 1.000 истражувачи и други посетители.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This