Hema пpocтор во мpтовeчниците, mpтвите ќе ги чувaaт камиони ладилници

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американската сојузна држава Калифорнија, денеска дистрибуира 166 камиони-разладувачи за привремени мртовечници за да излезе на крај со недостатокот од капацитет во преоптоварените болници поради големиот број починати од Ковид-19.

Калифорнија се обидува да се опорави од пандемијата од корона вирус, но само минатата недела од Ковид-19 починаа 2.500 луѓе, далеку повеќе од која било друга американска сојузна држава и мртовечниците се полни.

Раст на бројот на заразени е забалежан и пред Денот на благодарноста по кој пак, ширењето на вирусот се забрза поради семејните собирања, но сега Калифорнија, по прославата на Божик и Нова година, се подрготвува за нов драматичен раст на бројот заразени.

Ќе мора да се модифицира

Големиот број камиони со приколици со разладни уреди и фрижидери мора да се модифицираат за во нив да влезат што повеќе тела. Бидејќи тие возила не се предвидени да им служат на мртовечниците, во нив се надоградени полици за да им се зголеми барем двојно, капацитетот.

Марк Џиралдучи, директор на службата за вонредни состојби, порача дека „планот за управување со масовна смртност“ меѓу другото подразбира и дека со телата ќе се постапува со „почит и достоинство“.

Мертовечниците ги одбиваат ожалостените, ги исцрпија капацитетите

Припадниците на Националната гарда викендов, како помош се пратени во Канцеларијата на мртвозорникот во Лос Анџелес каде од вирусот умира по еден човек на секои 15 минути.

Мртовечниците и фирмите за посмртна помош ги одбиваат ожалостените семејства затоа што ги сицрпеа капацитетите за прифаќање на мртвите, јави „Лос Анџелес тајмс“.

Болниците во Лос Анџелес се толку преоптоварени што на Итната помош ѝ е речено да не превезува пациенти чии шанси за преживување се изразено мали.

Поголемиот дел од Калифорнија, вклучително и Лос Анџелес, е со локдаун и на луѓето им е наредено да не ги напуштаат своите домови.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This