Hoв Зeлaнд плaниpa дa ja oтвopи гpaницaтa нa пoчeтoкoт на 2022 година

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нов Зеланд планира да ја отвори својата граница од почетокот на 2022 година и да им овозможи на вакцинираните патници од земјите со низок ризик да влезат без задолжителниот карантин, што сега е во важност, соопшти денеска премиерката Јасинда Ардерн.

Од март 2020 година, Нов Зеланд целосно ја затвори својата граница за сите, освен нејзините граѓани и лица со дозволи за престој. Во април годинава границата беше кратко отворена за граѓаните на соседна Австралија, но повторно се затвори кон крајот на јули, откако Австралија се соочи со нови жаришта на заразата.

Строгата политика за елиминација резултираше со само 2.500 регистрирани случаи на инфекција со коронавирус во Нов Зеланд и вкупно 26 смртни случаи.

Ардерн кажа дека од 1 септември, три месеци пред предвиденото, вакцината ќе биде достапна за секој што ги исполнува условите.

-Порано велев дека границата е нашиот колективен оклоп што не штити од вирусите. Идејата за вакцинација е секој од нас да добие свој оклоп, што значи дека ќе можеме помалку да се потпираме на чување на границата, или барем не само тоа, рече Ардерн на форумот за повторно поврзување на Новозеланѓаните со остатокот од светот.

Откако ќе се зголеми бројот на вакцинирани, може да почне постепено повторно отворање на границата, додаде таа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This