Koлкy e oпaceн индиcкиoт coj нa кopoнaвиpycoт?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новата варијанта на коронавирусот која потекнува од Индија, уште не доволно позната. Но, Б.1.617 предизвикува загриженост во светот.

Индија повторно собори црн дневен рекорд по бројот на новозаразени со коронавирус, кој исто така е и негативен светски рекорд – регистрирани се 386.452 случаи, а починале 3.498 лица, соопшти Министерството за здравство. Дали за брзиот раст е одговорна новата варијанта на коронавирусот – Б.1.617, никој не може да каже со точност, но претпоставките се дека таа игра улога.

Најчесто, кога инфекциите со Ковид-19 во една земја рапидно растеа, во прашање беше нова вирусна варијанта. Некои експерти уште сега предупредуваат дека индискиот сој претставува некој вид супер-мутација која брзо може да се прошири низ сите континенти.

Новиот индиски сој веќе се појави во низа други земји, меѓу кои и во Франција, Германија, Белгија, Велика Британија, Сингапур, Грција, Австралија.

Во варијантата Б.1.617 се наоѓаат две мутации од т.н спајк протеин. Тој, така да се рече, го олеснува влезот на опасниот САРС-КоВ-2 во телото и овозможува на тој начин инфекција. Можно е тој побрзо да се шири во телото ако им избега на антителата кои ги создава имунолошкиот систем или вакцината.

Постои опасност луѓе кои се заздравени по инфекција со коронавирус, но и вакцинираните, да се помалку заштитени и да можат да се заразат со индискиот сој, почесто отколку што е тоа случај со другите вирусни варијанти.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This