Kopoнaвиpycoт ги дoвeл дo paбoт: Oкoлy 400 илjaди мopнapи ce зapoбeни нa бpoдовитe шиpyм cвeтoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Околу 400.000 морнари се заробени на бродовите ширум светот.

Околу 400.000 морнари моментално и откако им истекле договорите работат на бродови и на море, бидејќи не можат да се вратат дома поради ограничувањата на патувањата во текот на пандемијата на коронавирусот, соопштила Меѓународната поморска организација на ОН – ИМО. 

Некои сега работат на море повеќе од 18 месеци, што е значително подолго од ограничувањата од 11 месеци, пренесува “BBC”.

Исто така, стотина илјади морнари се заглавени дома, бидејќи не можат да им се приклучат на екипажите на бродовите на кои работат и на тој начин да ги обезбедат своите семејства.

“За жал, видовме дека човековите права на морнарите, рибарите и другите поморски работници се загрозени во текот на пандемијата”, изјавил генералниот секретар на ИМО, Китак Лим.

Тој рекол дека тука јасно станува збор за човеков права и дека таквата состојба предизвикува замор и исцрпеност кај морнарите и дека тоа е едноставно е неиздржливо.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This