Meдицинcкиoт пepcoнaл дa нe ce вakциниpa co „АстраЗенека“, вeли пpeтceдaтeлoт нa Cвeтcкaтa мeдицинcкa acoциjaциja

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Светската медицинска асоцијација, Франк Улрих Монтгомери, смета дека медицинскиот персонал не треба да се вакцинира со вакцината на АстраЗенека.

Монтгомери за германскиот дневен весник „Рајнише пост“ изјави дека вакцината е безбедна како и другите вакцини, но нејзината помала ефикасност не може да се игнорира.

„Верувам дека луѓето со поголем ризик од инфекција, меѓу кои се медицински персонал и негователи, треба да бидат вакцинирани со поефикасна вакцина“, нагласи тој.

Монтгомери рече дека го разбира медицинскиот персонал кој одбива да се вакцинира со АстраЗенека.

Монтгомери бара можност за избор со која вакцина сакаат да се вакцинираат луѓето.

„Мора да има избор на вакцина, за да останеме високо подготвени за имунизација“, нагласи претседателот на Светската медицинска асоцијација.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This