Oд пeтoкoт вo Bлaдa знaeле зa бeгcтвoтo нa Mиjaлков: Tpи дeнa ce чeкaлo дa биде побapaн притвop – се бapa kpтoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Потрагата по одговорност за бегството на Сашо Мијалков од лицето на правдата по се изгледа дека ќе се претвори во потрага по кртот во органите на државната власт, односно човекот кој го информирал екс директорот на УБК дека властите знаат за неговиот план за бегство и дека му се припрема решение за притвор.

На прашање на Инфомакс, министерот за внатрешни работи откри сериозни детали кога станува збор за случувањата последните три дена пред бегството на директорот на УБК.

Министерот посочува дека по добиената информација од Русковска веднаш го информирал премиерот, директорот на БЈБ, АНБ и државниот јавен обвинител, Љубомир Јовевски.

-Веднаш после добивањето на информацијата го информирав директорот на БЈБ, претседателот на Владата и директорот на АНБ и јавниот обвинител, Јовевски. Тоа се работите кои ги превзедов и побарав писмено известување во однос на целиот овој настан. Сметам дека можеме усно да разговараме меѓутоа треба да имаме и писмена кореспонденција во однос на овој случај, истакна Спасовски.

Имено Спасовски потенцираше во повеќе наврати дека полицијата постапила соогласно нејзините должности кои произглегуваат од Законот за полиција, вршела прикриено следење и постапила веднаш откако министерот за внатрешни ги добил информациите од страна на Вилма Русковска за бегство на Мијалков во саботата.

-Секако дека сите луѓе кои се поставени по линија на хиерархија во МВР во истиот момент беа ангажирани и превземаа дејствија кои што се дозволени со Законот за полиција. Веднаш имаше полициски активности и секако да се побара јавниот обвинител да побара притвор. Во однос на одговорноста, јас сериозно сметам дека мора да се бара одговорноста и утврдува секаде во институциите и јас не го амнестирам МВР ако имало било каков пропуст со оглед на тоа што е дадено известување, дадени се насоки, јас не гледам таква причина. Меѓутоа дополнително работиме во МВР, вели тој.

На прашањето на уредникот на Инфомакс, Александар Митовски дали можеби одговорноста треба да се бара директно кај правосудните органи, Спасовски ги потенцираше двојните аршини на правосудството кога станува збор за случајот „Монструм“ за кој Фатиме Фетаи побара притвор поради можност од бегство уште во ноември и случајот со Сашо Мијалков за кој беше побаран притвор дури откако МВР изгубило визуелен контакт со Сашо Мијалков иако релевантни извори посочиле дека тој се спрема за бегство.

-Дали има одговорност во правосудните органи треба да се утврдува. Дали постојат двојни аршини при ваков вид криминал, да постојат затоа што имате дело, некаде на крајот на ноември се бараше притвор за обвинетите во Монструм затоа што може да се дадат во бегство, во оваа ситуација кога имате завршни зборови на предмет, тогаш не се бара одредување на притвор, не знам од кои причини. Моите информации говорат дека двајцата обвинители кои што работеа на предметот, претходно се консултирале и побарале дозвола за да можат да побараат притвор за Сашо МИјалков. Меѓутоа тоа се информации кои што само јас ги имам, дали е тоа така треба да се произнесат, истакна тој.

Спасовски вели дека речиси три дена обвинителите на СЈО, Трајче Пеливанов и Ленче Ристовска барале дозвола од своите надлежни, Вилма Русковска и Љубомир Јовевски да се побара притвор за Сашо Мијалков!

И на самиот крај Спасовки потенцираше дека уште во петокот Трајче Пеливанов и Ленче Ристовска знаеле дека Мијалков ќе бега, информација која била пренесена на член на Владата на Зоран Заев.

-Јас реков не би сакал да прејудицирам ништо, тоа треба да го докаже истрагата. Знам дека обвинителите во петокот кога беа завршните зборови ја знаеле оваа информација и ја пренеле на еден член од Владата дека има можност да има бегство на Сашо Мијалков. Ќе дојде момент ќе се дознае и тоа, посочи Спасовски.

По се изгледа дека обвинувањата за договор помеѓу Сашо Мијалков и некој од Владата на Зоран Заев се точни, а токму овој човек е кртот кој го овозможува бегството на екс директорот на УБК.

Токму кртот го известува Мијалков дека му се спрема притвор и дека власта знае дека се спрема да бега!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This