Oнлajн измaмници нyдaт вakцинa зa 150 дoлapи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Додека милиони луѓе го чекаат својот ред за вакцина против Ковид-19, што може да биде за неколку месеци, онлајн измамници преку електронскa поштa и разни платформи за комуницирање бараат жртви, тврдејќи дека можат да им достават вакцини во рок од неколку дена за 150 американски долари, пишува „Ројтерс“.

Измамите со вакцините за Ковид-19 се во пораст, според официјални податоци на европски и американски органи и официјални лица, кои предупредуваат на измами со пари и лични податоци. Преку онлајн истражувањето, по dark web форумите и на апликацијата за допишување Телеграм, „Ројтерс“ наиде на седум различни понуди за наводни вакцини за Ковид-19.

Измамите меѓудругото вклучуваат и мејлови преку кои се ветува влез во наводно тајни списоци за ран пристап до вакцини. Американското ФБИ и Интерпол предупредија на појави на шеми за измама поврзани со пандемијата, велејќи дека лажните лекови и вакцините што се рекламираат на лажните веб-страници може да претставуваат сајбер закани и значителен ризик за здравјето на луѓето, па дури и животот.

На форумот „Агарта“, лажни вакцини за Ковид-19 биле понудени покрај кокаин, опиоидни лекови, „високо квалитетни лажни пари“, пиштоли и картички за подароци. На објавите се гледаат фотографии од вакцини, преземени од сервисите за фотографии на интернет и се нудат ампули за 500 и 1.000 долари, или пак еквивалентната сума на Биткоин.

На друга веб-страница пак, продавач кој тврди дека е од „Институтот за наука во Вухан“ нуди вакцини за Ковид-19 во замена за донација, а во меѓувреме барал од купувачите да му приложат нивна медицинска историја.

Повеќе од двојно во октомври се зголемија и домените на веб-страниците кои го содржат зборот вакцина, во комбинација со Ковид-19 или коронавирус, кога првите легитимни вакцини веќе се приближуваа до процесот на одобрување од страна на регулаторите, посочија од компанијата „Recorded Future“ која ги следи измамите со пандемијата на интернет.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This