Oштeтyвaњa нa moзoкoт, типични зa пaциeнти co Aлцxajмepoвa и Пapкинcoнoвa бoлecт билe oткpиeни кaj лyѓe кoи пoчинaлe oд Koвид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Оштетувања на мозокот, типични за пациенти со Алцхајмерова и Паркинсонова болест, се откриени кај луѓе кои починале од Ковид-19, открија научници од Универзитетот Стенфорд.

Американски истражувачи, заедно со своите колеги од Универзитетот во германскиот град Саарбрикен, анализирале мозочно ткиво од осум пациенти кои починале од коронавирус, и од 14 лица кои починале од други причини.

Забележани Се „Фрапантни Промени” Во Мозокот На Пациентите Кои Починале Од Ковид-19, Објасни Тони Вис-Кори, Кој Е Дел Од Научниот Тим На Универзитетот Стенфорд.

Испитани се илјадници гени од секоја од 65.309 индивидуални клетки, земени од примероци на мозочните ткива. Според студијата, гените поврзани со спознавањето, шизофренија и депресија се активираат многу почесто во мозокот на луѓето кои страдаат од Ковид-19.

Имаше И Знаци На Истоштеност Кај Невроните Во Церебралниот Кортекс – Делот Од Мозокот Кој Игра Важна Улога Во Донесувањето Одлуки, Меморијата И Математичкото Расудување, Додаде Вис-Кори.

Истражувачите не го открија вирусот во мозокот, што укажува на тоа дека инфекцијата во останатиот дел од телото може да предизвика невролошки симптоми дури и кај луѓе кои не умираат од Ковид-19.

Податоците од истражувањето се објавени во списанието „Нејчр”.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This