Ocновaчoт на „Биoнтeк“ co пpeдупpeдување: Тpeтиот бpaн нa пaндeмиjaта ќe тpae пoдoлгo oд пpeтxoдните двa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Германскиот претседател, Франк-Валтер Штајнмаер, денес им додели ордени за заслуги на сопствениците на компанијата „Бионтек“, Угур Шахин и Озлем Туречи. На свеченоста тој повика на поголема слога и одлучност во борбата против пандемијата, а Шахин предупреди дека борбата против мутираните видови на вирусот може да биде уште поголем предизвик.

Токму сега, во сенка на третиот пандемски бран, не е време за резигнација и самосожалување, рече Штајнмаер алудирајќи на јавната дебата за неуспесите во борбата против пандемијата во Германија.

Штајнмаер на сопствениците на „Бионтек“ им додели Голем сојузен крст за заслуги и достигнувања во борбата против пандемијата.

Компанијата „Бионтек“ од Мајнц, предводена од двајцата научници со турско потекло, кои исто така се двојка во приватниот живот, ја произведе првата вакцина против коронавирусот, што беше прифатена во Европската Унија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This