January 19, 2022, 11:29 pm

Дaли cмe зaштитeни пo шecт мeceци oд имyнизaциjaтa?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Резултатите од опсежната студија од Израел и од онаа спроведена на Клиниката за инфективни болести „Д-р Фран Михајлевиќ“ во Хрватска покажуваат дека нивото на антитела се намалува со текот на времето по примањето две дози од вакцината.

Со оглед на ова, сосема е сигурно дека ќе има третата доза, а единственото отворено прашање е кога ќе започне ревакцинацијата и кога, по имунокомпромитираните и постарите лица, ќе им дојде редот на сите други.

Алемка Маркотиќ, директорка на Клиниката за инфективни болести „Д-р Фран Михајлевиќ“ – Загреб и еден од авторите на истражувањето спроведено на вработените во таа институција, заклучи дека по шест месеци од примањето на двете вакцини, нивото на заштита е слично на она што се стекнало три недели по примањето на првата доза.

Истражувањето било спроведено на повеќе од 550 вработени, од кои 82 отсто биле жени, а 18 отсто мажи. Нивната просечна возраст е 43 години и тие биле поделени во различни групи: оние што не заболеле од ковид-19 и оние што отишле во самоизолација, оние што прележале ковид-19 пред вакцинација, потоа по вакцинација, меѓу вакцинација…

– По три и шест месеци од втората доза на вакцината видлив е падот на титарот, како што покажа израелското истражување, односно постои зголемување на бројот на заразените. Нивото на антитела по шест месеци од втората доза е само малку повисоко од нивото по три недели од првата доза. Оние што прележале имале повеќе антитела. Оние што прележале ковид-19 по втората доза немаа зголемување на титарот – објаснува докторката.

На прашањето дали сме заштитени по шест месеци од имунизацијата, Маркотиќ вели дека нема јасен одговор.

– Сите би сакале да го знаеме одговорот на ова прашање. Видовте дека нивото на антитела се намалува и е слично како стекнатото ниво по првата доза. Сега го измеривме нивото на антитела, клеточниот имунитет сѐ уште не е доволно развиен. Потребно ни е уште едно истражување за да откриеме кое е нивото на клеточната меморија и колку брзо ќе се стимулира за да произведе повеќе антитела. Мислам дека сме помалку заштитени отколку што бевме по втората доза, но сме позаштитени од периодот по првата доза. Заштитени сме, но мора да бидеме внимателни. И ќе ни треба трета доза за да бидеме уште позаштитени – вели Маркотиќ.

Важноста на вакцинацијата е објаснета со бројки: само 1,72 отсто од вакцинираните работници се заразиле по вакцинацијата, додека пред вакцинацијата 14 отсто.

Слично е и со израелското истражување. И покрај високиот процент на вакцинирани, земјата беше погодена од силен четврти бран, на кој реагира со вакцинација со трета доза.

Со трета доза се вакцинирани повеќе од два милиона луѓе. Во периодот од 13-14 дена по вакцинирањето со трета доза, имунитетот значително се зголемува и релативниот ризик е 11 пати помал отколку кај вакцинираните со две дози.

Извор: B92.net

Latest News

Десетте најзначајни настани во светот во 2021 година

10. Договорот за AUKUS На 15 септември, претседателот Џо Бајден, австралискиот премиер Скот Морисон и британскиот премиер Борис Џонсон заеднички...

More Articles Like This