January 17, 2022, 5:32 pm

Како да направите крофни меки како памук

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сигурно и вие имате некој свој рецепт за крофни, но секогаш сакаме да пробаме некои нови. Ова е еден стар рецепт, како што ги приготвувале нашите мајки и баби, па доколку одлучите да го испробате, нема да се покаете, крофните се меки како памук.

Потребни состојки: 3 јајца, 500 мл млако млеко, 70 г путер, 1 лажица шеќер, 1 кесичка ванилин шеќер, 1 лажица сув квасец 7 г (една кесилка), 900 г брашно, 1 лажица сол

Постапка: најпрво пенасто изматете три јајца кои претходно сте ги извадиле на собна температура. Потоа додека непрекинато матите, во јајцата додајте половина литар млако млеко, во тенок млаз.

Путерот (70 г) растопете и малку изладете го (да не е врел, туку млак), исто така додајте го во смесата од јајца и млеко. Додајте една лажица шеќер и една кесичка ванилин шеќер, па продолжете да матите додека да се растопи.

На крај додајте една лажица 7-8 г сув квасец. Откако сите состојки ќе ги додадете и изедначите во смесата, започнете постепено да додавате 900 г брашно. Најпрво мешајте со лажица, а на крај завршете со рака.

На почетокот кога ќе започнете да го додавате брашното, додајте и една лажица сол. Тестото месете го додека да стане компактно, меко и еластично и кое не се лепи за рака.

Покријте го со проѕирна фолија и оставете го на топло место да стасува околу еден час, додека да се удвои. Стасаното тесто истресете го на набрашнета работна површина и со помош на оклагија развлечете го во кора со дебелина од 1 см.

Потоа можете да ги сечете крофните со чаша (во овој случај, чашата е 6 см). Можете да ги сечете и со чаша од 8 см, но нам ни се поубави кога се помали. За да не ви лепи чашата, претходно набрашнете ја.

Од остатокот од тестото, повторете ја постапката: соединете ги парчињата во компактно тесто, развлечете кора и повторно со чаша вадете кругови. Од оваа количина излегуваат два плеха.

Крофните редете ги во плех обложен со хартија (на растојание, бидејќи ќе нараснат), покријте ги со крпа и оставете ги половина час да стасуваат на собна температура додека да нараснат.

Во длабока тава или широко тенџере загрејте длабоко масло (околу 500 мл масло) на умерена температура. Пржете ги крофните со горната страна во маслото. На почетокот ставете капак и пржете околу 5 минути додека да заруменат од едната страна.

Потоа превртете ги и на другата страна и пржете ги уште неколку минути 2-3 мин (кратко користете го и капакот). Температурата прилагодувајте ја и по потреба намалувајте ја ако забележите дека пребрзо заруменуваат. Кога ќе добијат златножолта боја, вадете ги врз хартиена салветка. Деталите погледнете ги ОВДЕ.

Latest News

Десетте најзначајни настани во светот во 2021 година

10. Договорот за AUKUS На 15 септември, претседателот Џо Бајден, австралискиот премиер Скот Морисон и британскиот премиер Борис Џонсон заеднички...

More Articles Like This