Бројот на зapaзeни co кopoнaвиpycoт вo cвeтoт e нa пpaгoт oд 50 милoни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бројот на заразените со новиот коронавирус SARS-CoV-2 е на прагот од 50 милиони, а најпогоден регион на пред почетокот на зимата е Европа која според показателите ја надмина Латинска Америка.

Во светот во моментов има 49,975.746 заразени со коронавирусот од почетокот на пандемијата кон крајот на декември 2019 година, според податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“. Најмногу заразени пријавиле САД, речиси 10 милиони, а потоа следат Индија, Бразил и Русија.

САД со околу 20 отсто од случаите на глобално ниво, се соочуваат со голем раст на заразените, и последната седмица имаат во просел над 100.000 новозарзени дневно. Во саботатa беа пријавено рекордни 130.000 нови случаи на коронаинфекција.

Во САД за растот на заразите и натаму го обвинуваат претседателот на заминување Доналд Трамп, кој ја минимизираше опасноста од коронавирусот додека неговиот противник кој е објавен за победник Џо Бајден го искористи тоа во кампањата и се залагаше за повнимателен пристап.

Во обвинувањата за републиканецот Трамп дури во последните денови пред изборите беше објавен и податокот дека наводно на неговите предизборни собири, критикувани дека не се носело маски и не се оддржувала физичката оддалеченост, придонеле за ширењето на заразите. Така, економистите од Универзитетот Стенфорд пресметале дека наводно митинзите на Трамп довеле до 30.000 дополнителни потврдени сличаи и веројатно до околу 700 случаи. Но неговата кампања возврати дека во САД коронавирусот почна да се шири од мегалополисот Њујорк и истоимената сојузна држава каде на власт се градоначалник и гувернер од Демократската партија.

Од последиците кои ги предизвикува коронавирусот кај заразените во светот починале 1,25 милиони луѓе. Повторно во овој биланс најголемо учество имаат САД, а следат Бразил, Индија и Мексико.

Вториот бран од пандемијата во последните 30 дена сочинува четвртина од вкупната бројка во светот досега. Октомври досега бил најлошиот месец во пандемијата во кој САД првпат пријавија над 100.000 дневни случаи, а во Европа бројките продолжуваат силно да растат.

Болеста која се дијагностицира како Covid-19 во последниот период се шири со молскавична брзина. Биле потребни 32 дена бројката да се зголеми од 30 на 40 милиони, а потоа 21 ден де порасне од 40 на речиси 50 милиони.

– Европа силно погодена:

Европа, каде се вбројуваат и податоците од Русија, има околу 12 милиони случаи и е нејпогодениот регион и ја надмина Јужна Америка. Европа има и 24 отсто од смртните случаи на глобално ниви.

Франција, по Русија, има најмногу случаи на заразени од почетокот на пандемијата, и во оваа западноевропска земја овие бројки растат просечно за 54.400 случаи дневно во последните седум дена.

Светскиот втор бран на коронавирусот ги стави на тест здравствените системи ширум Европа, и ги натера Франција, Германија и Русија повторно да воведуваат карантински мерки за своето население.

Во Франција од почетокот на пандемијата во февруари евидентирани се над 40.000 смртни случаи, како последица од компликациите кои ги предизвикува Covid-19, објавија во саботата тамошните здравствени власти. Според, последните податоци од саботата вечерта во оваа земја имало најмалку 40.169 смртни случаи.

Во меѓувреме францускиот парламент одобри одредба за продолжување на вонредните мерки воведени поради пандемијата. Вонредните мерки би требало да бидат на сила до 16-ти февраури. Вонредната состојба на владата ѝ овозможива со декрер да спроведува рестиктивни мерки. Во моментов на сила е строг полициски час во Париз и во уште осум големи градови во земјата кој трае од 21 навечер до 6 часот наутро. Во тој период граѓаните можат да ги напуштаат своите домови само до многу оправдани причини.

– Германија во неделата има повеќе од 16.000 новозаразени, Чешка над 7.700, а Русијa над 20.000 нови коронаинфекции:

Бројот на заразените со коронавирусот во Германија во неделата се зголемил за 16.017, на вкупно 648.5050, според податоците на референтниот Инстиут „Роберт Кох“. Бројот на смртните случаи се зголемил за 63, или на вкупно 11.289 починати.

Чешка во неделата пријави 7.772 нови случаи на заразата, а третпат од почетокот на ноември е под 10.000 новозаразени, според тамошното министерство за здравство. Вкупниот број заразени од почекот на епидемијата во замјта со 10,7 милиони жителите е 411.220. Министерствпото за здравство објави и за нови 155 смртни случаи од Covid-19, или за вкупно досега 4.681 починат.

Чешка последните седмици се соочува со еден од најголемиот дневни зголемувања на бројот на заразени по жител, вклучително и рекордниот број на заразените кој на 4-ти ноември изнесуваше над 15.000, иако чешките здравствени власти во петокот изавија дека можеби станува збор за заостанати случаи од претходните денови вброени во еден дневен извештај.

Додаваат дека болниците и натаму се преполни, а бројот на заразените и хоспитализираните меѓу ранливата група повозрасни граѓани е во пораст. Според податоците на Европскиот центар за превенција и контрола на болестите (ECDC), последните седмици бројот на смртните случаи поврзани со Covid-19 во Чешка бил највисок во Европа во однос на бројот на жителите.

Русија во неделата извести за 20.498 нови случаи на зараза со коронавирусот, што е малку помала бројка од рекордно високата од петокот, кога имаше и 286 смртни случаи. Од почетокот на пандемијата руските здравствени власти пријавија 1.774.334 случаи на заразата, а бројот на починатите е 30.537 луѓе.

Португалија во понеделник ќе воведе полициски час по региони, имајќи предвид дека бројот на случаите на заразата достигнал рекордно високо ниво, соопшто во неделата премиерот Антонио Кошта. Полицискиот час ќе трае од 23 до 6 часот, а ќе се применува од понеделник во 121 од 308 општини во земјата, вклучително и двата најголеми града Лисабон и Порто. Во целата земја е прогласена 15-дневна вонредна состојба. Кошта најави и дека жителите нема да смеат да ги напуштаат своите домови во текот на следните два викенда, а во саботата и во неделата меши 13 часот полпладне и 6 часот наутро.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This