(Видео) Bo Maкедонија вakцината е се уште иeeгaлнa: На македонските лекapи им било понудено да се вakциниpaaт во Cpбија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерката на Република Србија, Ана Брнабиќ во своето гостување во Хепи ТВ детално го објасни процесот потребен за набавка и вакцинација на населението. Таа во детали говореше и за српската донација од 8 илјади вакцини на Фајзер/Бионтек и за разговорите помеѓу Заев и Вучиќ.

Таа истакна дека во Македонија вакцината се уште не е регистрирана и дека и помагаат на нашата држава да ја регистрира вакцината потенцирајќи дека најлесното решение е да дојде лекарскиот персонал од Македонија да се вакцинира во Србија.

Брнабиќ напоменува дека Македонија не ја завршила административната домашна задача.

-Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев разговараше со претседателот Вучиќ и претседателот Вучиќ одлучи да излеземе во пресрет и да им помогнеме на нашите соседи со некои 8 илјади вакцини. Ние моментално работиме на тоа, им помагаме да се регистрираат во Северна Македонија, бидејќи ако не се регистрирани луѓето не може ни да се вакцинираат. Ние дури и им понудивме додека не се заврши тој процес со регитрација, нивните лекари бидејќи тие се приоритетни во црвената Ковид зона да дојдат да се вакцинираат во Србија. Секако работиме со нив им даваме поддршка со Фајзер да ја регистрираат вакцината и да им ја испратиме, вели Брнабиќ.

Таа потенцира дека вакцината во Македонија во моментов вакцината е нелегална бидејќи се уште не е одобрена од македонската Агенција за лекови и медицински средства .

-Она што е проблем во Македонија и гледаме да го решиме е тоа што добиле вакцина на Фајзер ама не била регистрирана во Македонија така да практично ги давале илегално. Мора да внимавате на секој поединечен аспект на сето ова и не е да дојдете само до вакцина, да купите вакцина туку постојат зад завесата милион административни, регулаторни кои треба да се сработат за вакцината да може да се дава. Регистрација во Агенцијата за храна и медицински средства и план на вакцинација и начин на кој што сте дошле до тоа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This