April 27, 2024, 12:38 am

Истражување: Aнтитeлaтa иcчeзнyвaaт шecт мeceци пo пpимaњeтo нa втopaтa дoзa oд oвaa вakцинa?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Антителата кои се создаваат по кинеската вакцина „Синовак Биотек“ против Ковид-19 паднале под клучниот праг за околу шест месеци по втората доза кај повеќето од оние кои ја примиле, додека третата доза имала силно стимулирачко дејство, покажува лабораториска студија.

Кинески истражувачи ги објавија наодите од студијата заснована на примероци од крв земени од здрави возрасни лица на возраст од 18 до 59 години, пренесува „Ројтерс“.

Меѓу учесниците кои примиле две дози, во временски период од две или четири недели, само 16,9 проценти односно 35,2 проценти, соодветно, имале неутрализирачки антитела што биле над она што истражувачите го сметаат за праг кој може да се детектира шест месеци по втората доза, се наведува во студијата.

Индонезија и Тајланд веќе се согласија да дадат вакцини од „Модерна“ или „Фајзер“, како трета доза, на некои луѓе кои биле целосно вакцинирани со „Синовак“, поради загриженост за нејзината ефикасност против делта варијантата на коронавирусот.

Турција започна да нуди трета доза „Синовак“ или „Фајзер“ на некои луѓе кои примиле вакцина „Соновак“.

На крајот на јуни, „Синовак“ испорача повеќе од милијарда дози вакцини, кои се клучни за имунизација во Кина, Бразил, Индонезија и Чиле.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This