Кремљ верува дека СЗО ќе го одобри Спутник V во следните месеци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Кремљ се уверени дека Светската здравствена организација (СЗО) во следните неколку месеци ќе го одобри Спутник V, руската вакцина против ковид-19, ја пренесе агенцијата Интерфакс изјавата на портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

Москва во вторникот призна дека на СЗО сè уште не му ја предала целосната документација потребна за одобрување на вакцината поради разликите во регулативниот стандард.

Цврсто верувам дека СЗО за неколку месеци ќе го одобри Спутник, тогаш ќе можеме со Европејците да ја продолжиме борбата против вирусот, кажа Песков.

СЗО очекува сите важни документи да бидат доставени до крајот на годината, изјави портпаролот на здравствената агенција на ОН Тарик Јашаревиќ за агенцијата РИА Новости.

Во документарецот за пандемијата на ковид-19, емитуван на државната телевизија Русија 1, Песков изјави дека смртноста во Русија била многу висока. Го опиша тоа како трагедија која особено ги окупирала претседателот Владимир Путин и неговата влада.

Во Русија денес беа пријавени 1.023 смртни случаи од ковид. Русија е на третото место во светот по вкупниот број смртни случаи, а според пресметката на Ројтерс поголема смртност имаат само Бразил и САД.

Песков луѓето кои одбиваат да се вакцинираат ги опиша како „опасни будали“, пренесува ТАСС. Тој додаде дека меѓу починатите за жал има и членови на претседателската администрација и членови на нивните семејства, но истакна дека претседателот Путин не е во опасност од зараза.

Кажа дека Путин е вакциниран два пати, а ја прими и пробната назална вакцина во спреј на Спутник.

Околу него има доволен број доктори и експерти кои се грижат за неговата епидемиолошка безбедност, кажа Песков.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This