СЗО имa нoвa тeopиja зa пoтeклoтo нa кopoнaвиpycoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јазовците и зајаците го шират коронавирусот меѓу луѓето, велат од Светската здравствена организација. Ова е нивната нова теорија. 

Веруваат дека јазовците и зајаците би можеле да играат важна улога во пренесувањето на новиот коронавирус на луѓето на пазарот во градот Вухан во Кина. Експертите инсистираат на тоа Кина да направи масовно тестирање на своите фарми со ласица откако во Европа е потврдено двонасочно пренесување на вирусот помеѓу луѓето и овие животни. Тимот на СЗО минатата недела ја заврши посетата на Кина. Според нив, мали се шансите дека коронавирусот избегал од лабораторија, односно дека е создаден од човек. Најмалку 2.441.926 лица починале од коронавирус во светот досега. 

Претставничката на СЗО, Марија ван Керкове, оцени дека не е време за опуштање пред пандемијата, иако бројот на новозаболени лица опаѓа низ целиот свет и е најниска стапка на инциденца од средината на октомври 2020 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This